Каде е најскап, а каде е најевтин Интернетот?

- Advertisement -

Интернетот денес е толку битен дел од нашите животи што се смета за човечко право. Интернетот ни дава пристап до се – од финансиски услуги до здравство и едукација. Во иднина на Интернет ќе бидат конектирани 50 милијарди предмети како дел од Интернетот на нештата. Но, колку плаќаме за Интернет зависи од тоа каде живееме,а според една нова студија има огромна разлика од земја до земја.

На пример, доколку живеете во Буркина Фасо, пристапот до Интернет е навистина скап. Корисниците плаќат речиси 1.000 долари месечно за да бидат онлајн. Оваа западноафриканска земја има популација од околу 18 милиони, но според Обединетите нации, помалку од 10% од населението има пристап до Интернет. Од вкупно 196 земји вклучени во студијата, земјите од Супсахарска Африка имаат најскап Интернет. Речиси сите 31 земја се меѓу најскапите.

- Advertisement -

Според Светскиот економски форум, Папуа Нова Гвинеја има втор најскап Интернет – корисниците таму плаќаат по 500 долари месечно, а помалку од 10% од населението има Интернет. Најевтин е Интернетот во Иран, каде што чини само околу 5 долари месечно, што е околу едно кафе во кафуле. Околу 40% од Иранците користат Интернет.

Генерално, Интернетот е евтин во Источна Европа. Во Украина, на пример, Интернетот чини 5,51 долари месечно, додека во Русија е 10 долари. Во Западна Европа, пак, цените значително се повисоки. Германците плаќаат по 34 долари за Интернет месечно, во Велика Британија цената е повисока од 40 долари месечно, а во Италија е 29 долари месечно. Во САД, пак, корисниците плаќаат просечно по 66 долари за Интернет, но дури и тоа е многу поевтино од други држави.

- Advertisement -

Македонија не е вклучена во студијата, а што се однесува на нашите соседи, Грција е на 91-во место со просечна цена на Интернетот од околу 54 долари месечно, Албанија е на 32-ро со просечно околу 33 долари месечно, Бугарија е на 31-во место со околу 28 долари, а Србија е на 11-то место со околу 19 долари месечно.

Додека цените на Интернетот значително растат последните години, повеќе од половина од светската популација (53,9%) се уште нема пристап до Интернет. Има многу причини за тоа. Делумно тоа се должи на немањето електрична енергија и друга основа инфраструктура, на други места е скапо за најголем дел од населението, а во трети случаи луѓето се неписмени или нема Интернет на нивниот јазик.

Сподели!
- Advertisement -