17 стартапи ги презентираа своите бизнис идеи во CEED Hub во Скопје

- Advertisement -

На 15 декември 2017 година, во просториите на CEED HUB во Скопје, се одржа завршна презентација на 17 стартап бизниси кои учествуваа на програмите на CEED HUB во изминатите 3 месеци. Стартапите ќе се претстават пред потенцијални инвеститори со кои ќе можат да разменат информации во врска со нивниот бизнис.

Во изминатиот период CEED Hub Скопје имплементираше 2 програми за стартапи со цел поддршка на тимовите во развој на нивните бизниси. Акцелераторската програма, единствена во Македонија, вклучуваше 7 стартапи во кои CEED Hub Скопје инвестираше 68.000 долари.

- Advertisement -

Пред-акцелераторската програма наменета за дизајнери, поддржана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост, вклучуваше 9 стартапи.

Учесниците од програмите имаа можност да работат со домашни и странски експерти, да истражуваат и имплементираат иновативни решенија, како и да добиваат важни деловни совети од ментори – македонски бизнисмени подготвени да го делат своето искуство и знаење.

- Advertisement -

CEED Hub Скопје е отворен во рамки на УСАИД Проектот за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, а имплементиран од CEED Македонија – Центар за развој на претприемачи и менаџери. Во последните неколку години претставува еден од најактивните центри за поддршка на стартап екосистемот во Македонија.

Сподели!
- Advertisement -