Toyota ќе гради фабрика за чиста енергија од изметот од фарми за млеко

- Advertisement -

Иако повеќето производители на електрични возила ги опремуваат своите возила со батерии, Toyota и понатаму се обложува на ќелии со водород, а последниот потег на компанијата се чини е решение за една пречка во транспортот со користење на водород како гориво. Toyota планира да ја изгради фабриката Tri-Gen во Лонг Бич, Калифорнија, чија цел е да докаже дека може да се произведуваат големи количини водоро за гориво, а за тоа ќе користи измет од фарми за млеко. Биоотпадот, кој главно ќе се добива од измет од крави,  произведува метан, кој потоа се става во ќелиите на FuelCell Energy и се конвертира во чиста енергија и водород.

Кога ќе почне да работи Tri-Gen во 2020 година се очекува да генерира околу 2,35MW струја и 1,2 тони водород. Таа енергија ќе биде доволна за операциите на компанијата Logistics Services на пристаништето во Лонг Бич, додека истовремено ќе се полнат и сите автомобили на Toyota кои ќе поминат на пристаништето. Toyota веќе ја има изградено најголемата станица за полнење на водород во светот, а енергијата која ќе ја произведува Tri-Gen исто така ќе се вклучи во системот.

Сподели!
- Advertisement -