Мате Римац го шири бизнисот во Словенија – отвора тест-центар во Ново Место

- Advertisement -



Мате Римац го шири бизнисот на Rimac Automobili во Словенија, каде што во Ново Место ќе отвори тест-центар под името Hyper E-Car Lab. Во тој потфат Римац влегува во соработка со словенечката компанија Lastinski inženiring на поранешниот словенечки министер за инфраструктура, транпосрт и простороно планирање, Самo Омерзел.

„Lastinski inženiring ни понуди соработка за да ги прошириме капацитетите на тестирање со погон во Словенија. Со оглед на соработката која ја имаме, тоа е логично не само за нас, туку им овозможува на многу други производители своите погонски системи да ги тестираат во лабораторијата во Словенија“ објасни Римац.

- Advertisement -

Hyper E-Car Lab ќе му служи на Римац за тестирање на батериските и погонските системи за сопствените автомобили, но тие услуги ќе им ги нуди и на други производители на автомобили.

„Тестирањето на електрични погонски системи и батериски системи е релативно нов терен и сите производители се борат за капацитетит за тестирање, а ние иако имаме одредени капацитети во компанијата во Хрватска, која исто така ја надградуваме, имаме потреба за поголеми капацитети“ додава Римац.

- Advertisement -

Според него, индустријата оди се повеќе кон електричен погон и смета дека ова е одличен момент овие многу барани компетенции и капацитети да се изградат во Словенија. Словенечките медиуми, пак, наведуваат дека поранешниот минитсер Омерзел и Римац за проектот за тест-центарот добиле поддршка од словенечкото Министерство за економија од 3,4 милиони евра.

Сподели!
- Advertisement -