Основачот на bitcoin.com ги продаде сите биткоини

- Advertisement -

Емил Олденберг, соосновач на страницата Bitcoin.com, ги продаде сите свои биткоини и ги нарече бескорисни. Олденберг е шеф на технологија на страницата Bitcoin.com. Тој истакна дека биткоин е најризичната инвестиција која можете да ја направите. Соосновачот на Вitcoin.com објасни зошто повеќе не верува во таа валута, пренесува Unilad повикувајќи се на шведската страница Breakit.

„Станува збор за екстремно висок ризик. Ги продадов сите свои биткоини и се префрлив на биткоин готовина. Префрлањето на биткоин на берза чини многу. Кога ги продадов своите биткоин морав да платам 50 долари и да чекам 12 часа за да се изврши трансакцијата“ објаснува Олденберг.

- Advertisement -

Тој откри дека Bitcoin.com престанал да развива нови услуги за старата биѕкоин мрежа и сега страницата превенствено е фокусирана на биткоин готовина, која стартуваше во август. Старата биткоин мрежа е практично бескорисна.

Вискоите трансакциски надомести и застојот во трансакциите е главната причина зошто се откажал од биткоин. Во јануари годинава вредноста на биткоин изнесување 1.000 долари, а за 12 месеци достигна неверојатни 19.000 долари. „Решението го гледам во биткоин кеш. Во тоа лежи иднината“ порача Олденберг.

Сподели!
- Advertisement -