Хрватска сака да гради складиште за нуклеарен отпад на границата со БиХ

- Advertisement -

Хрватска планира да стартува со изградбата на своето прво складиште за нуклеарен отпад во Сисачко-мославачката жупанија, во близина на границата со БиХ. Одлуката за тоаа дали Хрватска и Словенија отпадот од електраната Кршко ќе го фрлаат во заедничко складиште ќе биде објавена во септември.

Таа одлука ќе ја објави хрватскиот министер за енергетика и заштита на околината, Томислав Чориќ и словенечката министерка за инстраструктура, Аленка Братушек, во септември во Љубљана. Словенија веќе неколку години планира да изгради заедничко складиште за ниско и средно радиоактивен нуклеарен отпад од електраната Кршко во Врбина, покрај Кршко и договара учество на Хрватска во проектот.

- Advertisement -

Хрватска и Словенија имаат обврска да се погрижат за својот дел од одпадот од нуклеарката Кршко, која е заедничка, до 2023 година. За подготовка и изградба на складиштето Хрватска има само четири години. За изградбата на складиштето не е постигнат консензус со локалното население ни со БиХ, кои жестокот се противат на тоа отпадот да се склариа на Трговска Гора.

Нуклеарката Кршко е во погон од 1981 година, а ќе биде во функција до 2043 година.

Сподели!
- Advertisement -