Facebook најави опција snooze со која ги блокирате објавите на пријателите на 30 дена

- Advertisement -

Доколку ве нервираат фотографиите од вашите Facebook пријатели, а не сакате да ги избришете, Facebook направи решение, креирајќи snooze опција со која ги блокирате нивните објави на 30 дена.

Како што пишува Klix.ba, луѓето на кои ќе ја примените оваа опција нема да дознаат за тоа. Од Facebook објаснија во соопштение дека корисникот кој ќе ја употреби оваа опција, пред истекот на истата ќе биде известен доколку сака да ја активира повторно и после првичните 30 дена.

- Advertisement -

Во соопштението исто така стои дека се решиле да ја воведа оваа опција по барање од корисниците и ова е една од низата промени кои социјалната мрежа ќе ги воведе за да им го олесни управувањето со содржини на мрежата на корисниците.

Сподели!
- Advertisement -