Ова се најчудните и најнепотребните производи од 2017 година (2 дел)

- Advertisement -

Одредени производи често не го достигнуваат потенцијалот кој производителот го замислил. Иако технологијата ни го поедноставува животот, многу од нас понекогаш ќе помислат дали сега навистина ни е потребна оваа апликација.

Само поради тоа

- Advertisement -

што одредени нешта можат да се произведат, не значи дека и треба. Магазинот Inc. подготви листа со најчудните производи од годината што одминува.

8. Spinali Daisy Dukes

- Advertisement -

Ова се кратки панталончиња кои доаѓаат со вградени сензори кои вибрираат за да ви помогнат при навигацијата до одредена локација. Очигледно, мапа на телефонот веќе не е доволна.

- Advertisement -

9. Tiffany’s Tin Can

Луксузниот бренд за накит сака да знаете дека едноставните нешта тие ги живеат како обичните луѓе кои користат лименки за пенкала и билки. Единствената разлика е што лименката на Tiffany во овој случај е од сребро и чини 1 000 долари.

10. Jack BlackAll-Over Wipes

Огромни, со димензии на крпа, бебешки влажни марамици кои ги таргетираат оние кои немаат време да се истушираат после вежбањето во теретана. Иако звучи како корисен производ, можеби сепак е подобро да се истуширате после вежбањето за доброто на оној кој ќе седи до вас во јавен превоз.

11. Chocoladilla

Добро, ова можеби има одличен вкус, но името е проблематично. Имено, додатокот „ладиља“ всушност е позајмен од кесадиља – специјалитетот со сирење. Овој производ инсинуира дека во внатрешноста има топено сирење и чоколадо што во никој случај не е добра комбинација.

12. Whole Foods Yom Kippur Cake

Јом Кипур е еврејски празник кој се празнува со постење, па кога овие купувачи ќе дојдат до полицата во Whole Foods каде се наоѓа оваа торта, навистина ќе се замислат која е поентата. Извини Whole Foods, обидете се повторно догодина.

13. Death Wish Coffee

Иако намерата на производителот била да ја потенцира јачината на кафето, изборот на зборови за името на кафето е малку несоодветен. Смртна желба? Ние не би го избрале ова кафе од полицата со кафиња во маркет.

Сподели!
- Advertisement -