Учениците од Источниот регион ќе се вклучуваат во иновативни проекти преку „Предизвик за млади истражувачи“

- Advertisement -

Новиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој, што се работи во соработка со Министерството за образование – „Предизвик за млади истражувачи“, беше претставен во преполната сала во општинската зграда во Штип.

Заинтересираните професори од средните училишта и наставниците од Штип и околните општини Кочани, Пробиштип, Св. Николе, Карбинци, Чешиново-Облешево и Зрновци беа запознаени со деталите на овој пилот проект на двете државни институции.

- Advertisement -

„Овој јавен повик е одлична шанса учениците да се вклучат во иновативни проекти што се надополнуваат на материјата што ја учат на училиште. Оваа иницијатива ќе ги поттикне и професорите и учениците заеднички да работат на проекти што ќе го поттикнат креативното размислување“ вели Дејан Доневски, директор на средното училиште „Димитар Мирасчиев“.

Имено, повикот кој официјално започна на 30 ноември и ќе трае до 15 февруари се однесува на проекти од природните и техничките науки, а активностите треба да соодветствуваат со наставните програми. Тимовите што ќе работат на истражувачките проекти може да бидат составени од 3 до 7 ученици и од максимум двајца наставници, а самите активности не смеат да надминат повеќе од 6 месеци.

- Advertisement -

Присутните покажаа особен интерес за повикот бидејќи нуди можност за награда за најуспешните апликации во висина од 300.000 денари, а опремата што би се набавила со финансиите останува во училиштето. Исто така, награди во висина од 30.000 денари се предвидени и за најуспешните наставници, односно професори.

Сподели!
- Advertisement -