Ова се најпосакуваните новогодишни технолошки подароци за годинава

- Advertisement -

Подарувањето за време на празниците влијае позитивно на пазарот и интересно е да се следи што најмногу се продава, односно, што најмногу луѓето сакаат да си подаруваат. Кога се во прашање подароците поврзани со технологија, последниве неколку години листата не е многу променета.

Дури 68% од возрасните ќе купат барем еден технолошки подарок, а на паметните уреди, електронските уреди и различни технолошки додатоци, луѓето во САД ќе потрошат во просек 478 американски долари. Еве како изгледа листата од технолошки подароци кои најмногу се подаруваат за новогодишните празници.

- Advertisement -
  • 38% слушалки
  • 27% паметни телефони
  • 27% bluetooth звучници
  • 25% лаптопи
  • 23% таблети
  • 22% дигитални медиа плеери
  • 20% телевизори
  • 17% конзоли за игри
  • 17% тракери на активност
  • 16% паметни часовници
  • 15% паметни звучници
  • 13% електронски читачи

 

Сподели!
- Advertisement -