Хрватска сѐ поактуелна за големи стартап фондови како Seedcamp

- Advertisement -

Seedcamp, каде што инвеститор е и еден од поголемите европски стартап фондови, Atomico, досега годишно имаше околу дваесет инвестиции, од кои осумнаесет во југоисточна Европа, а три во Хрватска

Atomico кој исто така е еден од поголемите европски стартап фондови и вреди 765 милиони долари, во својот извештај The State of European Tech ја посочи Хрватска како една од државите со потенцијал. Во извештајот беше соопштено дека во периодот од 2012 до 2016 година во Хрватска биле инвестирани 100 милиони долари.

- Advertisement -

Како што известува Poslovni Dnevnikво Загреб веќе пристигнал Карлос Едуард Еспинал од Seedcamp со цел да бара потенцијални стартапи во кои ќе инвестира. Овој фонд засега тежи 46 милиони евра и планира дополнително да се прошири во 2018 година, со еден од инвеститорите Atomico.

„Се радувам бидејќи во Хрватска ме очекуваат млади таленти кои сакаат да развиваат стартапи, а ќе видам и како напредуваат некои од стартапите во кои Seedcamp веќе има вложено, кои им се постоечки и планирани проекти бидејќи фондот е заинтересиран да инвестира“ изјави Еспинал.

- Advertisement -

Тој уште изјави дека иако за секој програмер идеалното работно место е во Силиконската долина, силни стартап сцени постојано се градат и во останати делови во светот како што е Португалија, каде што се одржува познатиот Web Summit. Со силна стартап сцена можат да се пофалат и Романија, каде што се овозможени големи даночни бенефиции и во Лондон, каде што најмногу се развиваат стартапи за финансиски технологии (fintech) поради присуството на банките во градот.

„Клучот на успехот е во тоа да се биде различен бидејќи никој кој буквално не го копирал моделот на Силиконската долина не успеал да го достигне истиот успех“ додава Еспинал, потенцирајќи дека Seedcamp е заинтересиран да ги поддржи локалните стартап екосистеми.

- Advertisement -

Улогата на Seedcamp е да им даде поддршка на стартапите во фазата на раниот развој и да им биде мост до други, поголеми инвеститори кои располагаат со капитал од милијарди. Она што на Еспинал особено му се допадна во Хрватска е квалитетот на техничкото знаење, бидејќи во државата моментално има 31.812 програмери и токму тие се оние кои можат да развијат нови решенија.

Фондот ќе бара можности за инвестиции во секторот на вештачка интелигенција и блокчеин технологии. Но не ги исклучуваат и шансите за инвестиции и во други технологии, доколку се појави претприемач со идеја со голем потенцијал. „Стартапите денес се база за иновации“ заклучи Еспинал.

 

Сподели!
- Advertisement -