Каде да отидете за незаборавна новогодишна ноќ?

- Advertisement -

Новогодишната ноќ може да ви биде или неверојатен настан исполнет со убави нешта или излегување од кое едвај ќе чекате да си заминете. Не дозволувајте овогодишниот 31 декември да ви помине обично и заминете на една од овие дестинации исполнети со забава кои ги препорачува сајтот Lonely Planet.

1. Оукленд, Нов Зеланд

- Advertisement -

Нов Зеланд е една првите дестинации кои ја дочекуваат Новата година, а Оукленд секоја година организира забави на места каде што можете да и се одушевувате на природата.

Оваа година за новогодишната ноќ се организира фестивалот Вондергарден меѓу марината со луксузни јахти и препознатливата SKY Tower, каде што ќе има жива музика и DJ сетови. За оние, пак, кои сакаат да побегнат од гужвите, се препорачува да се упатат кон островот Ваихеке, каде што се организира дочек со џез музика.

- Advertisement -

2. Британски Девствени острови, Кариби

- Advertisement -

Во септември овие острови беа погодени од ураганот Ирма, но овој скриен архипелаг нема да остане без официјален дочек на новата 2018 година.

Годинава се организираат неколку забави во традиционален, карипски стил, каде што освен добра музика и храна, редовно застапен е и карипскиот рум. Оваа година забавата е наречена Rise Up Virgin Islands и ќе ви се даде уникатната можност да ја дочекате Новата година на песочни плажи.

3. Хонолулу, Хаваи

Секоја година градот Хонолулу организира забава наречена New Year’s Eve Party of the Year, која се одржува на пазарот Aloha Tower. На забавата има повеќе DJ сетови, музичари, камиони со храна и голем огномет над главното пристаниште.

Огнометите се неверојатни на Хаваи, па со свој сопствен огномет вечерта ја зачинуваат и жителите покрај познатата плажа Ваикики. Наредниот ден можете да го поминете со добар појадок во некои од познатите хавајски бистроа, како и да посетите некои од знаменитостите.

4. Венеција, Италија

Со своите гондолиери кои пеат и се забавуваат прекрасните мостови и балови под маски, Венеција навистина знае како да приреди незаборавна новогодишна забава. 31 декември се слави ширум Италија како денот за гозби Свети Силвестер, па токму гозбите со превкусна храна и пијалаци се типични каде и да отидете во државата.

Во Венеција храната за најлудата ноќ мора да вклучува различни деликатеси од леќа, која симболизира богатство и напредок. Ќе најдете и време да се прошетате низ каналите на градот пред да дојдете до плоштадот Свети Марко, каде што секоја година на новогодишната ноќ во манифестација наречена Љубов парови ја испраќаат годината со бакнеж под огномети.

5. Брајтон, Велика Британија

Брајтон е прекрасен град да се посети во секое време, но за 31 декември градот организира прекрасна манифестација која вклучува и посета на i360 Tower. Забавата започнува на приземјето на зградата, каде што гостите уживаат во вкусна храна и DJ сетови, а продолжува на главниот настан, кој, всушност, е лет од приземјето до врвот на зградата.

Сподели!
- Advertisement -