Автопатот со соларни панели засега е долг еден километар и е отворен во Кина за тестирање. Соларните панели се поставени под патот кој го обиколува градот Џинан на истокот на Кина, а самата површина е транспарентна за да може сончевата светлина да дојде до панелите.
Како што известува N1, панелите покриваат 5.875 квадратни метри и можат да произведат 1 милион киловат-часови годишно, што е доволно за потребите на 800 домаќинства.
Електричната енергија која ќе биде произведена на овој автопат ќе биде искористена за осветлување на автопатот и патоказите, како и за камерите, осветлувањето во тунелите и куќичките за наплата на патарина.
Планот е во иднина да бидат развиени и функции за мобилно полнење на електричните автомобили и обезбедување интернет врска.