Тел Авив собори светски рекорд со највисоката LEGO кула во светот

- Advertisement -

Илјадници луѓе во Тел Авив се обидоа заедно да ја изградат највисоката LEGO кула во светот во сеќавање на осумгодишно момче кое било жртва на рак, известува BBC.

Кулата ја нарекоа Omer Tower во често на момчето кое се викало Омер Сајаг кое починало во 2014 година. Зданието е високо 36 метри и е изградено од преку половина милион пластични LEGO коцки. Изградбата траела повеќе од две недели.

- Advertisement -

Од Гинисовите светски рекорди изјавиле дека официјално е срушен претходниот рекорд поставен во 2015 година со кула висока од 35,05 метри во Милано. Кулата во Тел Авив е завршена на 27. декември со помош на кранови и волонтери. Проектот го започнале група наставници на момчето кое починало. Омер сакал да гради со LEGO коцки додека бил болен.

Портпарол на градот изјавил дека LEGO коцките биле донирани од граѓани, компании, а некои биле купени со средства од општината.

Сподели!
- Advertisement -