Десет градови кои ќе бидат најпопуларни туристички дестинации во 2018 година

- Advertisement -

За да станете навистина одлични и искусни патници мора да бидете побрзи од трендовите. Доколку резервирате патување во некоја популарна дестинација, тоа ќе значи повисоки цени, подолги летови и неверојатна гужва. Многу е подобро со време да видите во кој правец се движат трендовите и да ја посетите идната „жешка“ дестинација пред да ја видат сите други.

Сега се прашувате како да откриете кои места ќе бидат најпопуларни за туристите  идната година? Податоците онлајн можат да ви помогнат во тоа, а на Airbnb ги има колку сакате. Како најпопуларна платформа за сите што обожаваат да патуваат, компанијата има тони ифнормации за тоа на кои места се забележува поголема посетеност, па така предвреме да увидат кои ќе бидат „жешките“ дестинации во иднина.

- Advertisement -

За среќа, тие секоја година објавуваат еден вид анализа за тоа кои градови изминатите 12 месеци станале поатрактивни за туристите. Што беше популарно оваа година што изминува? Мали мирни крајбрежни гратчиња, планински ресорти и градови со средна глемина кои имаат многу да понудат се меѓу дестинациите кои пробудиле најголем интерес.

Ова, пак, се топ 10 градови кои имаат најголем пораст на бројот на посетители според податоците на Airbnb, пренесува Inc.com.

- Advertisement -
  1. Гангнеунг, Јужна Кореја – 2.175% пораст на бројот на посетители преку Airbnb
  2. Борнмут, Обединето Кралство – 353%
  3. Едмонтон, Канада – 284%
  4. Индијанаполис, Индијана – 256%
  5. Да Нанг, Виетнам – 255%
  6. Колумбос, Охајо – 254%
  7. Фамагуста, Кипар – 234%
  8. Билбао, Шпанија – 234%
  9. Ханој, Виетнам – 212%
  10. Матињос, Бразил – 209%

Од малку познати крајбрежни градови, вклучувајќи и такви кои се на локации што вообичаено немаат временски прилики за бањање како Обединетото Кралство, до градови во центарот на држави кои повторно се будат, листата со места кои ќе бидат актуелни во 2018 година треба внимателно да ја разгледате кога ќе одлучувате каде да одите идната година.

Сподели!
- Advertisement -