Остварувањето на целите најчесто бара напорна работа. Дури и кога работите на проект исполнети со страст и желба да го завршите успешно социјалните мрежи, сомнежите и останатите задачи може да ви ја намалат концентрацијата.
Но, постои начин како да си ги поставите приоритетите и да си го избистрите умот за да останете фокусирани на обврските кои се важни. Започнете со овие осум чекори!
1. Откажете се од мултитаскингот
Наместо да се обидувате да извршите милион задачи во исто време, вратете се чекор назад и решете да ги завршувате задачите една по една. Иако до сега сте го започнувале денот со полесните работи како проверувањето на сандачето со електронска пошта, овојпат започнете со потешките задачи со што ќе го предизвикате вашиот ум со поголеми и покреативни барања рано наутро.
2. Оставете ги сите обврски и посветете се на една во одреден период
Блокирањето на обврските во одреден период од работниот ден ќе ви помогне порешително да завршите поединечна обврска без останатите да ви го одземаат вниманието. Започнете со половина час или еден час во денот во кој нема да правите ништо друго освен назначената задача. Одбележете го ова дејство во агендата или поставете си аларм за да се осигурате дека ќе го имплементирате чекорот.
3. Размрдајте си го телото
Не можете да се фокусирате доколку цел ден сте затворени во одреден простор пред екранот на компјутерот. Исклучете го компјутерот и телефонот и излезете на прошетка од 20 минути. Свежиот воздух и движењето ќе ви помогнат да си го расчистите умот. Исто така, осигурајте се дека конзумирате доволно вода за да останете хидрирани.
4. Дозволете ѝ на технологијата да ви помогне
Платформа како Rescue Time, софтвер кој работи додека вие работите и ви покажува како го минувате денот, може да ви помогне да разберете зошто за одредени задачи ви е потребно многу повеќе време отколку за други. Постојат и некои апликации како Cold Turkey и Self Control кои ќе ви помогнат целосно да го исклучите Интернетот за да не ви го одвлекуваат вниманието социјалните мрежи.
5. Медитирајте
Запишете се на јога часови или часови за медитација, а можете пак и да спуштите некоја апликација со чија помош ќе медитирате. Медитацијата ќе ви овозможи да си го разбистрите умот и полесно да се фокусирате на задачите.
6. Слушајте музика на слушалки
Кога ќе си пуштите одредени звуци на слушалките, ќе се исклучите од разговорите во канцеларијата или пак целосно ќе ги блокирате звуците кои доаѓаат од надвор. Музиката со текст може да ви го одзема вниманието, така што можете да си пуштите класична или електронска музика. Исто така ќе ви помогне доколку изберете плејлиста со песни кои ви се познати и нема да ви го одземаат вниманието.
7. Пренасочете ја комуникацијата
Доколку сметате дека целиот фокус ви го уништува постојаното одговарање на електронска пошта, време е да преземете нешто околу поуспешно менаџирање на комуникацијата. Кога договарате состаноци, разговарајте прво со вашите колеги дали она што треба да се дискутира може да се договори преку електронска пошта или бара состанок во живо. Доколку разговарате за ваквите работи, долгорочно ќе заштедите на време кое инаку би го минале во ланец од електронска пошта или долги состаноци.
8. Најдете ја околина со вистинските звуци
За да бидете најмногу ефективни, морате да го пронајдете вистинскиот баланс помеѓу премногу бучава и целосна тишина. Според некои истражувања, умерени канцелариски звуци во позадина можат да влијаат позитивно на креативните задачи. Наместо во целосна тишина, идеалната работна околина за креативна работа секогаш има малку бучава во позадина. Поради ова одредени луѓе подобро се фокусираат кога работат во кафуле отколку во канцеларија.