AT&T најави активирање на 5G мрежа до крајот на 2018 година

- Advertisement -

Американската компанија AT&T најави дека планира до крајот на 2018 година да активира 5G мрежа на десетина пазари, пишува Klix.ba.

Позитивната вест е дека компанијата работи на сопствена 5G мрежа со обзир на тоа дека компанијата најави минатата година развивање на т.н. 5G Evolution мрежа, која во голема мера се состои од постојната LTE технологија која конкурентите на компанијата веќе ја усвоија.

- Advertisement -

Од AT&T не објавија повеќе детали за развивањето на мрежата, освен тоа дека мрежата ќе биде изградена според најнови стандарди усогласени на состанокот во Лисабон во декември од 3GPP организацијата. Ова значи дека компанијата ќе може да обезбеди брзина од 100 Mbps за преземање и 50 Mbps за прикачување.

Освен развој на 5G мрежата, AT&T најави и проширување на својата LTE и 5G Evolution мрежа.

- Advertisement -

Колку за потсетување, компаниите T-Mobile и Verizon исто така ветија дека ќе почнат да испорачуваат 5G мрежа годинава или наредната. Постигнувањето на формален договор за стандардот за 5G мрежа е голем чекор напред за создавање на комерцијална 5G мрежа. На овој начин технолошките компании имаат појасна слика за она што треба да го обезбедат.

Сподели!
- Advertisement -