Зделка од милијарда долари: кинескиот конкурент на Uber, Didi Chuxing, го презема бразилски 99

- Advertisement -

Пред една година кинеската компанија за споделување превоз Didi Chuxing направи голем чекор на бразилскиот пазар кога понуди да купи удел во бразилската варијанта на Uber, 99, за 100 милиони долари. Според медиумите, сега кинеската компанија ќе го преземе својот конкурент од Бразил за 1 милијарда долари.

Уште не е познато дали Didi целосно ќе го преземе 99 или само ќе купи поголем дел од акциите во компанијата и ќе ја преземе контролата. Целосната аквизиција би создала интересна ситуација затоа што досега Didi главно се фокусираше на регионални стартапи во Кина и регионот. Досега има инвестирано во Југоисточна Азија и на Средниот Исток. Сите аквизиции кои ги има направено се на кинескиот пазар.

- Advertisement -

Според вестите во медиумите, Didi ќе инвестира 600 милиони долари во 99 и со тоа ќе ги преземе акциите на претходните инвеститори како Riverwood Capital, Monashees, Qualcomm Ventures, Tiger Global и Softbank, а дополнителни 300 милиони долари ќе инвестира во експанзија на пазарот.

Кога Didi ја направи првичната инвестиција во бразилската компанија минатиот јануари направи и споредба меѓу Бразил и Кина во поглед на економскиот потенцијал и како тоа ќе влијае на услугите како споделениот превоз. Кина и Бразил се најголемите пазари во развој во светот и имаат огромни можности за индустријата за споделен превоз.

- Advertisement -

Со оваа инвестиција двете компании ќе станат поконкурентни не само за Uber туку и за локалните играчи како EasyTaxi и Cabify. Ширењето на пазарот во Латинска Америка е во интерес и на Didi. Минатиот месец компанијата потврди дека планира да се шири во Мексико.

Сподели!
- Advertisement -