Вчера во Лас Вегас почна најголемиот саем за потрошувачка електроника во светот, Consumer Electronic Show (CES), на кој бројни излагачи ќе претстават технолошки новитети, производи и гаџети и ќе ни ги покажат трендовите кои би можеле да доминираат на ИТ пазарот годинава. Една од компаните кои и пред официјалното отворање на саемот претстави нови гаџети е Acer, која на својот штанд на CES, меѓу другото, ќе изложи нови нодели преносни компјутери кои го вклучуваат и најтенкиот лаптоп во светот.
Acer Swift 7 е наменет првенствено за корисници на кои преносливоста и конектираноста на уредите им е на прво место. Овој лесен лаптоп со куќиште направено од алуминиум е тенок само 8,98 мм и доаѓа со поддршка за LTE за корисниците да можат да имаат пристап до Интернет и кога нема WiFi. Што се однесува на хардверот, лаптопот работи на седмата генерација процесори Intelo Core i7, има 8 GB RAM и 256 GB SSD. Според Zimo, новата генерација на Swift сега има поголем екран (14 инчи во однос на 13,3 инчи) со Full HD резолуција, а батеријата треба да издржи околу 10 часа работа, односно цел работен ден. Лаптопот на пазарот ќе се најде во текот на март по цена од 1.699 долари.