Дубаи гради масивен облакодер кој во себе ќе содржи цел град

- Advertisement -

Облакодерот Dubai Creek Tower ќе биде висок 928 метри и во неговата основа ќе содржи цел град – во него ќе може да живеат дури 400.000 луѓе. Кулата ќе биде повисока од сегашната највисока кула во Дубаи, Бурџ Калифа, а ќе биде готова до 2020 година. Вредноста на проектот ќе изнесува дури 1 милијарда долари.

Сепак, веројатно нема да биде највисоката градба во светот затоа што и Саудиска Арабија гради неверојатно висок облакодер – Jeddah Tower. Кулата ќе биде висока речиси 1 километар и ќе биде првата кула направена од човекот која ја достигнала таа висина. Се очекува да биде готова во 2019 година.

Сподели!
- Advertisement -