Македонците можат да патуваат без виза во 112 држави

- Advertisement -

На ранг листата на пасоши според бројот на држави во кои може да се отпатува без виза Македонија се наоѓа на 46. место, чии граѓани можат слободно да патуваат во 112 држави, јавува МИА.

Според Henley Passport Index за 2018 година, прва на листата и годинава е Германија, чии државјани без виза можат да посетат 177 држави. На второ место е Сингапур (176 земји), а третото место го делат Данска, Финска, Франција, Италија, Јапонија, Норвешка, Шведска и Велика Британија, чии граѓани можат слободно да патуваат во 175 држави.

- Advertisement -

Американците без виза можат да патуваат во 173 земји, што ги става на петтото место.

Најлошо рангиран е авганистанскиот пасош, чии државјани можат да патуваат без потребното одобрување во само 24 земји. Пред нив, на 103. место, е Ирак (27 држави), а на 102. место е Сирија (28 земји).

- Advertisement -

Од државите во регионот најдобро рангирана е Грција, која е на седмо место и Грците слободно патуваат во 171 земја, потоа Словенија е на 11. место (167 земји), Бугарија е на 20. позиција (156) Хрватска е на 21. место (155 држави), Србија е на 41. (119 држави), Црна Гора на 48. (110), БиХ на 51 место (105), Албанија е на 52. (100 држави) и Косово е на 96. место со можност без визи да се отпатува во 38 земји.

Сподели!
- Advertisement -