Кина ќе огледува растенија на темната страна од Месечината

- Advertisement -

Кина ќе испрати посебна сонда на темната страна од Месечината и ќе одгледува растенија на неистражениот регион наречен Басен на јужниот пол Ејткен, наведуваат научните портали. Новата вселенска мисија Чанге четири ќе биде лансирана во јуни годинава на ракета која ќе понесе 425 килограми тежок релеј сателит и ќе го постави во орбитата на 60.000 километри зад Месечината.

Со втора мисија потоа на подалечната страна од Месечината ќе биде испратен ровер кој релеј сателитот ќе го наведува за да слета безбедно. Тоа ќе биде прво спуштање на темната страна од Месечината во неистражениот регион наречен Басен јужен пол Ејткен, односно огромен басен на јужната полутопка кој се простира од Месечевиот јужен пол до кратерот Ејткен.

- Advertisement -

Кинезите ќе испратат ровер кој ќе содржи прибор за градинарство и би требало да го подготви патот за човечка станица за проучување на начинот на кој растат растенијата на Месечината. Покрај растенија, роверот ќе однесе и инсекти, пренесува Daily Mail. „Кинезите ги пробиваат сите досегашни граници во оваа технички тешка мисија“ вели Брајан Хенри, аналитичар за истражување на вселената.

Сподели!
- Advertisement -