Во март во Загреб се одржува Digital Takeover, најголемата регионална дигитална конференција

- Advertisement -

Најголемата регионална дигитална конференција Digital Takeover во март се враќа во Загреб. Во ново издание конференцијата на учесниците ќе им претстави една поширока слика за дигиталната трансформација, но се става акцент и на важноста на следењето на трендовите во дигиталниот свет за да се извлече најдоброто од него

Конференцијата ќе донесе и конкретни решенија и совети за креирање одржлива дигитална култура во регионот, која допрва ја чека експлозија на дигиталата. Посетителите од прва рака ќе дознаат како да се носат со светот на постојано иновирање, истражување, анализирање и давање конкретни примери и начини на кои носи промени дигиталната трансформација, дисрупцијата, иновациите и економијата на искуство.

Иако дигиталната трансформација ги зафати речиси сите подрачја од работата и од животот, а за неа се говори секојдневно, и понатаму е предизвик како може ефикасно да се имплементира во работната култура. Фокусот ќе се стави на човечкиот фактор во целата трансформација: на кој начин треба да се слушаат корисниците и како да им се пристапи на корисниците во една ера кога е неизбежно следењето на трендовите во иновациите и технологијата, како и навиките на корисниците.

- Advertisement -

Првиот Digital Takeover се одржа во март 2015 година како серија од мали предавања. Преку повеќе од десет настани досега има собрано повеќе од 1.500 учесници. Сето тоа кулминираше со најголемата регионална конференција во март минатата година кога на едно место се собраа повеќе од 500 хрватски и регионални експерти за дигитализација. Повеќе информации за годинашниот настан можете да дознаете на следниот линк: https://digitaltakeover.hr/soon/.

Сподели!
- Advertisement -