Мора да си ја познавате клиентелата за да знаете дека што и да пласирате, ќе им се допадне и ќе биде прифатено. Сепак, не се сите купувачи исти. Според некои истражувања, купувачите можеме да ги класифицираме во три посебни категории:
1.10% од луѓето ќе речат НЕ на се, дури и ако е бесплатно
2. 10% од луѓето ќе речат ДА на се
3. останатите 80% ќе мора да ги мотивирате за да купат нешто
Менталниот јазик на купувачите – прилагодете ја комуникацијата за својот тип на купувач. За да ги мотивирате тие 80% од купувачите, мора да знаете на кој тип купувач припаѓаа, а типови исто така има три. Еве кои се тие.
1) Визуалци
Овие купувачи мислат и комуницираат со слики, сакаат бои, битен им е изгледот на тоа што го купуваат. Со нив користете зборови од типот: погледнете, слики, убаво, разјаснува…
2) Аудитивци
Аудитивците комуницираат најдобро преку звуци и сакаат музика и телефонски разговори. За нив треба да користите зборови од типот: слуша, звук, разговор, дискусија…
3) Кинестетичари
За овие купувачи не е доволно да видат или да слушнат нешто, туку мора да го испробаат и да го доживеат искуството. Со нив користете зборови како: пробува, чувствува, направи.