Стартап компанија која развива осигурителна платформа врз база на blockchain успешно ги продаде своите криптовалути. Словенечкиот стартап InsurePal се придружи на други успешни словенечки стартапи кои собираа средства со јавна продажба на криптовалути (ICO), пренесува Poslovni Dnevnik. InsurePal успеа да собере 12,6 милиони долари однапред, а кога почна продажбата за само 80 секунди го собра останатиот износ – вкупно 18 милиони долари.
Средствата ќе се искористат за изградба на осигурителна платформа базирана на технологијата blokchain, која воведува со патент заштитена иновација за социјално влијание. Парите, пред се, ќе бидат искористени за технолошки развој на платформата, која главно останува во Словенија, за добивање регулаторни дозволи, зајакнување на тимот со дополнителен персонал и за воспоставување меѓународни стратешки соработки.
„Ова е прв чекор за InsurePal. Насочени сме кон иднината затоа што сакаме во најкраток можен рок да станеме целосно оперативен тим и во наредните шест месеци од развојот да ја понудиме платформата на пазарот. Пилот проектот ќе го спроведеме во Велика Британија, каде што веќе разговаравме со регулаторите и делумно го составивме тимот“ објасни директорот и соосновач на компанијата Матјаж Петерман.
Словенечкиот проект јавно го поддржаа битни имиња од крипто светот. Меѓу нив е пионерот на дигитални валути, Чарли Шрем, кој го препозна потенцијалот на InsurePala, посебно идејата, која е надградба на постојните системи за осигурување и отвора бројни нови можности на полето на крипто економијата.
„Платформата за осигурување која воведува социјално влијание може да биде универзално решение кое ќе влијае на работата на осигурителните компании вредно 7 трилиони, а истовремено се занимава со многу нови сегменти. Уверен сум дека со стратешко делување можеме да ги оствариме целите во планираниот рок и да станеме лидер на ова поле“ вели Петерман.