Компанијата за споделен превоз Lyft направи пиво со кое добивате попуст за возење

- Advertisement -

Lyft склучи партнерство со пиварницата Baderbrau Brewing од Чикаго за да направи сопствено брендирано пиво. Пивото се вика Five Star Lager и е ребрендирано од оригиналниот производ на компанијата – пивото South Side Pride. Сите коишто ќе купат пиво на задната страна од лименката можат да најдат код со кој добиваат до 60% попуст кога ќе се возат со Lyft.

Компанијата Lyft верува дека ова партнерство ќе ги потсети посетителите на баровите кои сакаат да се забавуваат да повикаат превоз кога ќе почувствуваат дека не можат самите безбедно да се одвезат до дома. Засега пивото може да се купи само во барови во Чикаго, но во иднина концептот ќе се прошири во други градови.

Сподели!
- Advertisement -