Џек Ма: Во бизнисот мора да размислувате 10 години однапред!

- Advertisement -

Џек Ма, основачот на кинескиот интернет-гигант Alibaba, е еден од учесниците на конференцијата на Светскиот економски форум во планинското швајцарско гратче Давос. На прес конференција за новинари тој Ма одговараше на мноштво прашања за неговиот пат до успехот, за технологијата, за трговијата, за глобалзиацијата, за жените во бизнисот итн.

Ма вели дека ние луѓето што живееме денес имаме среќа затоа што светот моментално доживува огромна трансформација поради развојот на технологијата.

„Технологијата ќе отвори многу можности за луѓето, ќе создаде можност за интересни работни места, но со секоја револуција доаѓаат и нови општествени проблеми. Првата индустриска револуција ја предизвика Првата светска војна, втората индустриска револуција ја предизвика Втората светска војна, а сегашната технолошка револуција ги загрижува луѓето со роботите, вештачката интелигенција. Но, без разлика на тоа дали се грижиме за тоа што ќе се случи или не, тоа секако ќе се случи. Она на што треба да работиме е како ќе се промениме себеси.“

- Advertisement -

Џек Ма предвидува дека во наредните 30 години светот ќе се промени од корен. Тој вели дека доколку дојде до Трета светска војна, тоа треба да биде војна против болести, против загадувањето на околината и против сиромаштијата. Не треба да војуваме едни против други. Но, доколку не можеме да сфатиме дека новата технологија треба да ја користиме за да ги решиме тие проблеми, секако дека ќе дојде до војна меѓу луѓето.

Секоја технолошка револуција предизвикува дисбаланс во светот – некој што бил на врвот сега паѓа долу, а тој што бил долу се искачува, вели Ма.

- Advertisement -

„Сите што имаат 20-30 години да најдат добар шеф кого ќе го следат и добра компанија во која ќе можат да учат како да работат. Ако имате 30-40 години и сакате да направите нешто самите, едноставно направете го затоа што се уште можете да си дозволите да згрешите. Тие што имаат од 40 до 50 години треба да прават работи за кои навистина ги бидува, а не да пробуваат се што им изгледа интересно. Ако имате од 50 до 60 години поминете го времето обучувајќи ги младите идни генерации“, порачува Ма. „Кога ќе наполните над 60 години, седете со своите внуци“.

На лидерските позиции во Alibaba стојат главно жени и вкупно 49% од вработените се жени, додека ситуацијата е поразлична во други компании.

- Advertisement -

„Додека не почнаа новинарите да ме прашуваат зошто има толку жени во компанијата јас не ни сфатив дека е така. Машкиот пол смета дека жените можат само да им помогнат ним да напредуваат и дека не ги бидува за висока технологија. Бидејќи Alibaba е е-трговец, а тоа е дел од услужната индустрија, треба да се има срце за да се услужуваат луѓето, а жените се многу подобри во тоа отколку мажите. Минатиот век физички посилните беа подобри, а овој век најмногу се цени паметот и интелигенцијата. Мажите може да имаат висока интелигенција, но секако имаат ниска емоционална интелигенција. Доколку сакате да имате успешна компанија, да работите со ум и грижа, жените се најдобри во тоа. Ако во една компанија има само мажи, таа не може да опстане. Тоа е исто како да сакате да правите каша без вода.

[quote]Доколку сакате да имате успешна компанија, да работите со ум и грижа, жените се најдобри во тоа. Ако во една компанија има само мажи, таа не може да опстане. Тоа е исто како да сакате да правите каша без вода![/quote]

Опасност од глобализација?

Во однос  на глобализацијата и на тоа што значи таа за малите бизниси и претприемачите, Ма вели дека глобализацијата не може да се стопира исто како што не може да се стопира трговијата. Според него, доколку сопре трговијата, ќе почне војна. Трговијата е оружјето со коешто се спречуваат војните, а не да се предизвикуваат. Ма вели дека изминатите 30 години глобализацијата збогатила многу компании, но предизвика и многу проблеми за младите луѓе, за малите бизниси, за земјите во развој. Но, 30 години се краток период и глобализацијата сега е како некое бебе кое треба да се негува и да се развива. Доколку не го негувате, ќе го убиете. Задача на денешните генерации е да ја подобрат глобализацијата со помош на технологијата која ја имаме.

Додека нашите дедовци работеле по 16 часа на ден, со помош на роботите Ма вели дека нашите деца ќе може да работат само 3-4 часа дневно само 3 дена во неделата и ќе се жалат дека се многу зафатени. Остатокот од времето ќе патуваат. Ако пред 30 години во текот на животот просечно се посетувале 20-30 градови, за 30 години отсега ќе се посетуваат 300 градови.

„Глобализацијата за 10 години отсега ќе значи дека со својот телефон, доколку уште се користат, ќе можете да купите што сакате од кој било дел на светот. Сега е време да ја искористиме можноста која се создава. Пронајдете начин да го искористите тоа и вие ќе бидете следниот Alibaba. Јас се родив во многу сиромашно семејство. Не можев да имам добро образование и немав технологија како сега. Потоа сфатив дека она со што можам да им конкурирам на другите е да работам денес за тоа што ќе се случи по 10 години. Тоа е мојот совет за сите. Навистина е предизвик, но исто така е и голема шанса.“

[quote]Сфатив дека она со што можам да им конкурирам на другите е да работам денес за тоа што ќе се случи по 10 години. Тоа е мојот совет за сите. Навистина е предизвик, но исто така е и голема шанса![/quote]

Не може човек да биде милијардер и да мисли дека сите тие пари се негови. Тие пари ги добил затоа што луѓето ја вложиле својата доверба во него. Тоа значи дека како и владите, тие пари мора да ги потроши на паметен начин и на вистинското место, порача Ма од Давос.

Филантропијата, пак, според Ма, не е помагање на другите туку помагање на себеси. „Без разлика колку пари донирате за некоја цел вие не можете да ги решите сите проблеми. Но, со тоа што ќе решите да помогнете вие се менувате себеси, станувате подобра личност, а подобрите личности создаваат подобар свет.

 

 

Сподели!
- Advertisement -