Вториот по големина производител на марихуана, Aurora Cannabis, договори преземање на помалиот ривал CanniMed Therapeutics за 1,1 милијарда канадски долари,. Со тоа ќе се создаде најголемиот светски производител на марихуана според пазарната вредност. Овој договор, воедно, претставува најголема трансакција во овој сектор.
Последните месеци на канадскиот пазар се забрза консолидацијата во овој сектор во пресрет на легализацијата на марихуаната за рекреативна употреба, што се очекува да се случи во првата половина од годинава. Со купувањето на CanniMed, Aurora настојува да ги зголеми капацитетите за ја задоволи домашната побарувачка и да ја зголеми дистрибуцијата на глобално ниво во момент кога државата се повеќе ја одобрува употребата на медицинска марихуана.