Galaxy Buds+: Променете го начинот на кој што го доживувате звукот

- Advertisement -

Потпирајќи се на исклучителниот безжичен звук на познатите Galaxy Buds слушалки, компанијата Samsung ги претставува новите Galaxy Buds+, кои во претпродажба се достапни со новите паметни телефони S20+ и S20 Ultra. Galaxy Buds+ им овозможуваат на корисниците да уживаат во звукот на студискиот квалитет со помош на напредните звучници и микрофон, батерија која што трае цел ден и флексибилни подесувања на аудио перформансите.

Аудио искуство на новата генерација

- Advertisement -

Со AKG перформансите, Galaxy Buds обезбедуваат иновативно аудио искуство за корисниците во движење, додека Samsung дополнително ја зголемува скалата за квалитет на звукот со Galaxy Buds+. Покрај извонредната технологија AKG, Samsung Galaxy Buds + доаѓа со врвен двостран систем на звучници, со сите дополнителни високотонски, како и со бас звучник за подлабоки тонови. Со Galaxy Buds+, секој звук е избалансиран и јасен.

За оние кои што се потпираат на своите безжични слушалки за повици и видео повици, Galaxy Buds + доаѓа со три микрофони, еден внатрешен и два надворешни, за кристално чисто снимање на звук. Надворешните микрофони користат специјална технологија за создавање на звучни снопови за да го пренесат гласот на корисникот, минимизирајќи ги звуците во позадина, така што соговорникот секогаш слуша јасно, без разлика каде се наоѓа.

- Advertisement -

Со подобрениот Ambient Sound[1], корисниците можат да го стишат надворешниот свет кога сакаат, или да ги засилат звуците во позадина кога треба да бидат во состојба на мирување, со избирање на режими како што се low, medium, high и extra high.

Немате каде да ја наполните батеријата? Нема проблем.

- Advertisement -

Нема ништо поразочарувачко како ситуацијата во која безжичните слушалки ќе останат со празна батерија додека го слушате вашиот омилен подкаст, а не сте во можност да ги наполните. Благодарејќи на моќната батерија од 85mAh, Galaxy Buds + се совршен сопатник за оние кои сакаат да слушаат различни содржини додека се во движење, бидејќи овозможуваат 11 часовно слушање музика[2], а овој временски период може да се удвои на 22 часа кога ќе се постават во безжичното куќиште за полнење од 270mAh. Кога корисниците се во брзање и сакаат да го наполнат својот уред, за само три минути тие можат да ги наполнат Galaxy Buds+ на капацитет за плејбек од 60 минути, користејќи ја можноста за Wireless Powershare[3].

Контролирајте го уредот на полесен начин од кога било досега

Сосема нови можности за контрола на допир им овозможуваат на корисниците на Galaxy Buds+ да го контролираат уредот дури и додека ги држат своите паметни телефони. Со еден допир, тие можат да пуштаат или паузираат музика, со двоен допир можат да преминат на следната песна или да одговорат на повик, а потегот на допирање и задржување на прстот може да биде поставен на онаа команда која што му е најпотребна на корисникот.

Поврзаноста се среќава со едноставноста

Galaxy Buds+ овозможуваат вмрежено уживање во музиката, со многу едноставни поставки. Кога ќе се поврзат со Galaxy паметен телефон, Galaxy Buds+ автоматски стануваат достапни за употреба преку сите други уреди поврзани на истата сметка на Samsung[4]. Апликацијата Buds+, именувана како Galaxy Buds+ сега е компатибилна со iOS, така што ќе можете да уживате во одлично аудио искуство без разлика на тоа  кој уред го користите.

Galaxy Buds+ се секогаш вклучени, вмрежени и подготвени за употреба, така што никогаш нема да чекате да ја слушате посакуваната содржина.

Сподели!
- Advertisement -