Истражување – фиксната телефонија изумира!

- Advertisement -

Фиксните телефонски линии, со доаѓањето на паметните телефони, брзиот интернет и евтините решенија за корисниците, стануваат нешто од минатото и рапидно им опаѓа уделот на пазарот. Ова е евидентно од истражувањето кое Statista го направиле во САД

Во споредба, покрај податоците за тоа колку домаќинства користат фиксен телефон, прикажани се и податоците за тоа колку од домаќинствата функционираат само со мобилен телефон. Како што пренесува ICT Business, во 2004 година, само 5% од нив поседувале исклучиво мобилен телефон, додека пак 92,7% поседувале финска линија. После ова започна промената и забележителниот раст на мобилните телефони.

Но трендовите доживеале неверојатен пресврт кога се појавуваат паметните телефони во 2008 година. Во 2009 година, 22% од домаќинствата имале исклучиво мобилна линија, а фиксната паднала на 78%. Потоа трендот продолжува, со тоа што на крајот на 2015 година за првпат бројот на домаќинства со само мобилна линија го надминува бројот на домаќинства со фиксна линија.

- Advertisement -

На крајот на 2017 година пак, 52,5% од домаќинствата имаат исклучиво мобилна линија, а 43,8 уште имаат фиксна линија. Со минувањето на годините и стареењето на генерациите, се очекува ситуацијата уште да се менува и тоа во корист на мобилните телефони.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -