South Central Ventures инвестираше 3 милиони долари во српскиот стартап TradeCore

- Advertisement -

South Central Ventures, првиот фонд за ризичен капитал наменет за стартапи, месецов објави дека инвестираше милион долари во белградскиот стартап за финансиски технологии, TradeCoreСо оваа инвестиција, вкупните инвестиции се зголемуваат на три милиони долари.

Инвестицијата ќе ја искористиме за проширување во Азија, отворање на нови канцеларии во Тел Авив и проширување на базата на клиенти.“, изјавил еден од основачите.

- Advertisement -

TradeCore развива т.н. BrokerCloud – систем за управување кој на брокерите им овозможува брза обработка на податоците за новите корисници, како и поквалитетна комуникација и менаџмент.

Од South Central Ventures, како што пишува Poslovni Dnenik, велат дека TradeCore за финансиите претставува она што Amazon е во IT. На веб страницата на TradeCore пишува дека веќе имаат и инвеститори како HSBC, Deutsche Bank, GTECH и Goldman Sachsa, а дека советник им е Атул Бали, искусен менаџер од подрачјето на игри на среќа, лотарии и спортско обложување. Основачи на стартапот се Стефан Пајковиќ и Милан Станојевиќ.

- Advertisement -

Пајковиќ претходно работел како потпретседател за трговија со деривати на каматни стапки во Deutsche Telekom, а потоа со неколку пријатели заедно основале и продале брокерска куќа.

Станојевиќ, кој е технички директор на стартапот, прво работел во воено-обавестувачка агенција и во Виртуелен центар за следење на климатските промени во југоисточна Европа. Целосниот тим на стартапот брои околу 50 луѓе, од кои 34 се придружиле во последната година.

Сподели!
- Advertisement -