Samsung сака камерите наместо во телефон да ги стави во пенкалата за смартфон

- Advertisement -

Samsung размислува да вградува камери со оптички зум во своето ново паметно пенкало. Според патентот кој го пријавила компанијата, а бил одобрен пред неколку дена, новите пенкала на Samsung ќе можат безжично да ги сипраќаат сите фотографии назад до телефонот или таблетот.

Пенкалата со вградена камера ќе имаат и други опции. Пред се, просторното ограничување во главниот дел од телефонот значи дека отпичкиот сум не може да се вгради во него, меѓутоа во патентот на Samsung посебно се наведува дека камерата вградена во панекалат ќе има опција оптичко зумирање. 

- Advertisement -

Раздвоеноста на камерата од телефонот на корисниците ќе им овозможи и поголема флексибилност во начинот на правење фотографии, овозможувајќи снимање од повисоки или пониски точки со користење на екранот како визир или пребарувач.

Како и кај другите слични патенти, нема гаранција дека овие спецификации навистина ќе бидат вградени во идните производи на Samsung, меѓутоа откако компанијата се соочи со слаба продажба во 2018 година, треба да направи нови иновации за да ја ревитализира продажбата на телефоните.

Сподели!
- Advertisement -