Од полноќ поевтинува дизелот, а поскапува еуросупер 95

- Advertisement -

Цените на дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар по литар, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59%, односно за 1,21%.

- Advertisement -

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68 денари, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 е непроменета, односно 69,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-E V) ќе се продава за 59,5 денари, а екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 48 денари по литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,807 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 29,099 денари.

- Advertisement -

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,7% пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,28% понискиот курс на доларот во однос на денарот.

(МИА)

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -