Amazon патентираше технологија за да го следи секој чекор на вработените

- Advertisement -

Додека трага по совршената локација за второто седиште и продолжува да го зголемува бројот на вработени на повеќе од половина милион, Amazon мора да најде начини да стане поефикасен. Можеби сега конечно го има и решението – бразлетни со кои ќе го следи секој чекор на вработените во магацините, пишува Inc.com.

На технолошкиот гигант му беа одобрени два патенти за систем за бразлетна која ги следи движењата на рацете на вработените  во реално време. Технологијата во бразлетните може да емитира ултразвучни плусирања или радиосигнали за да го извести ресиверот во која позиција се рацете на вработените во однос на полиците. Идејата е дека овој систем може да им помогне на вработените побрзо да ги најдат точните кутии со производи.

- Advertisement -

Amazon уште нема потврдено кога патентите ќе станат реалност. Amazon не е првата компанија која ја истражува идејата вработените да носат уреди кои ќе ја следат нивната работа со цел да се зголеми продуктивноста. Humanyze, стартап од Бостон, имплементираше биометрика во картичките за идентификација на вработените за да следи се – од движењата до должината на разговорите, па дури и тонот на гласот. Чуварите во повеќе казина, работници во ресторани и рудари носат уреди за следење. Истражувањата покажуваат дека ваквата технологија значително напреднува и сега може да се користи за да се следи крешењето на правилата на човечки ресурси како сексуално злоставување и несоодветно однесување.

Дури и Amazon да не ја имплементира технологијата, компанијата веќе се потпира на автоматизација и следење на друг начин – во компанијата веќе има повеќе од 100.000 роботи. Без тие роботи Amazon нема да може да врши брза испорака на пратки за неколку дена по ниски цени.

Сподели!
- Advertisement -