Самсунг соработува со “Ѓаволот носи Прада 2“ за промоција на новата кампања за Bespoke AI машината за перење

- Advertisement -

Култната црвена ткаенина се среќава со револуционерната грижа за алиштата со Bespoke AI машината за перење во новата глобална кампања, со дигитална активација на отворено на објектот Пикадили циркус во Лондон

Компанијата Самсунг (“Samsung”)  денес ја најави заедничката кампања со долгоочекуваниот филм “Ѓаволот носи Прада 2” (орг. “The Devil Wears Prada 2“), спојувајќи ги световите на високата мода и најновата AI технологија за перење на “Samsung“. Во неодамна објавеното видео за кампањата, култната црвена ткаенина се среќава со Bespoke AI машината за перење алишта на “Samsung“, испорачувајќи револуционерен резултат што го редефинира третманот на ткаенините.

Високата мода се среќава со иновацијата за перење

- Advertisement -

Видеото од кампањата ја внесува иновацијата за перење на  “Samsung“ со вештачка интелигенција во светот на високата мода. Култната облека од црвена ткаенина, симбол на бескомпромисен стил, го зазема централното место во средбата со Bespoke AI машината за перење алишта, прикажувајќи како напредната технологија за перење на “Samsung“ нуди исклучителна нега дури и за најделикатните ткаенини.

Најновата Bespoke AI машина за перење алишта[1] на “Samsung“ е опремена со функцијата AI Wash+[2], која автоматски ги препознава видовите ткаенини при помали полнења на машината и соодветно ги оптимизира перформансите на перењето. Со детектирање на карактеристиките на секое полнење, Bespoke AI машината за перење ја приспособува висината на водата, брзината на центрифугирање и времетраењето на циклусот на перење за да испорача оптимални резултати од перењето и да обезбеди облеката да го добие прецизното ниво на нега потребно за време на секој циклус на перење.

- Advertisement -

Покрај дигиталната кампања, “Samsung“ лансираше голема дигитална надворешна (DOOH) активација на објектот Пикадили Циркус во Лондон, една од најпознатите рекламни знаменитости во светот. Кампањата ќе се прошири и на рекламирање на надворешни површини во повеќе глобални региони, вклучувајќи ја и Кореја, каде потрошувачите ќе можат да ја искусат кампањата преку надворешни (DOOH) екрани во области со голем сообраќај во Сеул, како што се Мјонгдон (Myeongdong) и станицата Гангам (Gangnam).

“Оваа соработка со “Ѓаволот носи Прада 2″ е одбележување на пресекот помеѓу модата и технологијата”, изјави Санг Џик Ли (Sang Jik Lee), Извршен потпретседател и Раководител на тимот за продажба и маркетинг во Одделот со дигитални апарати (Digital Appliances) во “Samsung Electronics“. “Исто како што филмот поставува нови стандарди за стилот, така и машината за перење Bespoke AI на “Samsung“ поставува нова референтна точка за интелигентна нега на ткаенини.”

- Advertisement -

“Ѓаволот носи Прада 2” на “20th Century Studios“ се прикажува во кината.

За „Ѓаволот носи Прада 2“

Дваесет години по нивните култни улоги како Миранда, Енди, Емили и Најџел — Мерил Стрип (Meryl Streep), Aна Хатавеј (Anne Hathaway), Емили Блант (Emily Blunt) и Стенли Тучи (Stanley Tucci) се враќаат на модните улици на Њујорк и во елегантните канцеларии на списанието „Runway“ во „Ѓаволот носи Прада 2“ на 20th Century Studios. Ова е со нетрпение очекуваното продолжение на феноменот од 2006 година кој дефинираше цела генерација. Филмот е во режија на Дејвид Френкел (David Frankel), сценариото е на Алин Брош Мекена (Aline Brosh McKenna), продуцент е Венди Финерман (Wendy Finerman), а извршни продуценти се Мајкл Бедерман (Michael Bederman), Карен Розенфелт (Karen Rosenfelt) и Алин Брош Мекена (Aline Brosh McKenna).

Филмот “Ѓаволот носи Прада 2“ се прикажува во кината од 1 мај 2026 година.

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.


[1] Достапноста и функциите може да варираат во зависност од моделот, регионот и земјата. (Применлив модел во Европа: WF90H09C4***)

[2] Сензорот за ткаенина користи вештачка интелигенција за да детектира 5 видови ткаенина (памук, деликатни материјали, крпи, тексас, за надворешна употреба) за полнење на машината до 3 кг. Сензорот за заматеност работи за сите тежини. Мешаните ткаенини може да ја намалат точноста на детектирањето. Реалните резултати може да варираат во зависност од индивидуалната употреба. За да се спречи абење, перете слични ткаенини заедно.

- Advertisement -