Los Angeles Times продаден за 500 милиони долари на еден од најбогатите доктори во САД

- Advertisement -

Весникот Los Angeles Times ќе прејде во рацете на локален милијардер за цена од 500 милиони долари, и така ќе се заврши напнатиот период 

Патрик Шон-Шионг е еден од најбогатите луѓе во Лос Анџелес, и според податоците на Форбс, е најбогатиот лекар во САД, со имот од 7,8 милијарди долари.

Ова значи дека Los Angeles Times за прв пат после 18 години ќе биде во локална сопственост. Весникот неодамна го промени главниот уредник, трет пат во последните шест месеци, а новинарите за прв пат во 136 години долгата историја на весникот се организираа во синдикат.

- Advertisement -

Конфликтите на Los Angeles Times и чикашките сопственици беа чести и се поостри. Шон-Шионг има малцински удел и во сопственоста на кошаркарскиот клуб Лос Анџелес Лејкерс. Пред него, основачот на Amazon, Џеф Безос го купи Washington Post за 250 милиони долари, а сопственикот на безбол клубот Boston Red Socks, Џон Хенри го презема Boston Globe за 70 милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -