Пристигнува супербрз Интернет во авионите

- Advertisement -

Европската воздухопловна мрежа ќе овозможи безжично поврзување на Интернет во текот на летањето со брзина од 75 Mbit/s. Патниците ќе можат да ги користат социјалните мрежи, да споделуваат фотографии и да преземаат широкопојасни содржини.

Deutsche Telekom и Inmarsat заедно со Nokiа го положја првиот камен-темелник во развојот на Европската воздухопловна мрежа (EAN), првиот светски интегриран сателит преку фреквенциски појас од S и комплементарна земјена мрежа која се базира на технологијата LTE и е изградена за Европа.

- Advertisement -

Со структура од околу 300 базни станици во сите 28 држави-членки на ЕУ, како и во Швајцарија и во Норвешка, EAN стана првата LTE мрежа интрегирана на ниво на Европа.

„EAN е првото наменско решение за поврзување во авионите во рамките на кое ефикасно се комбинираат компонентите во вселената и на Земјата и со кое ќе се надминат традиционалните ограничувања на Интернетот за време на летањето“ изјави Фредерик ван Есен, виш потпретседател за воздухопловство во Inmarsat.

- Advertisement -

Комплетирањето на мрежата следуваше откако Inmarsat минатото лето успешно го лансираше сателитот EAN, кој потоа беше тестиран во орбитата на Земјата и е оперативен од септември 2017 година. ЕAN овзоможува безично конектирање над Земјата и на патниците во авионите им овозможува широкопојасни услуги со брзина поголема од 75 Mbit/s.

Целта е EAN да ги исполни сегашните и идните потреби на патниците во авионите во текот на летовите. Во тој поглед ќе помогне тоа што интегрираната земјина LTE мрежа оже да се надградува. Технологијата досега е тестирана на неколку летови за да се провери работата на интегрираниот сателит и комплементарната LTE мрежа. Тестирањата покажаа дека EAN ги дава резултатите за кои е осмислен и досега покажува најмало доцнење од помалку од 100 милисекунди.

- Advertisement -

Мрежата ќе биде достапна за комерцијална употреба од првата половина од годинава. Авиопревозниците ќе можат брзо и едноставни да ја инсталираат малата и лесна опрема за EAN.

 

Сподели!
- Advertisement -