ВИДЕО: Погледнете ја реакцијата на Илон Маск при лансирањето на Falcon Heavy

- Advertisement -

Каналот National Geographic деновиве објави видео во кое може да се забележи како реагирал Илон Маск, сопственикот на компанијата SpaceX, во моментот кога успешното е лансирана ракетата Falcon Heavy

На 6 февруари годинава, најголемата ракета на компанијата SpaceX и најсилната ракета на светот беше успешно лансирана кон орбитата на Марс. Ова претставува најголем пресврт во приватниот сектор на вселенски патувања.

Неговата реакција за време на лансирањето е неверојатно, а од видеото може да се види како тој истрчува надвор за да може со свои очи да виде како неговата ракета се оддалечувата од тлото на Земјата.

- Advertisement -

„Можно е да се остварат луди идеи. Кога гледам лансирање ракета, мислам на илјадници работи што би можеле да тргнат наопаку, ама не тргнаа“, изјавил Маск после лансирањето на ракетата. Целосните ексклузивни снимки од настанот National Geographic ќе ги објави на есен како дел од втората сезона на својот серијал Mars.

 

Сподели!
- Advertisement -