Младите луѓе му го свртуваат грбот на Facebook, стои во новиот извештај кој го објави eMarketer, а пренесува Klix.ba.
Според извештајот, два милиони луѓе помлади од 25 години ќе престанат да ја користат оваа социјална мрежа во текот на годинава. „Facebook има проблем со тинејџерите и најголемиот дел од корисниците на мрежата во Америка, помеѓу 12 и 17 години, нема да го користат ниту еднаш месечно“ велат од eMarketer.
Додека 83% од корисниците на социјалните мрежи на возраст од 18 до 24 години користат Facebook во 2018 година, нивниот број до 2021 година се очекува да падне на 81,5%. Се очекува оваа година и бројот на корисници помлади од 11 години да се намали за 9,3%.
Се предвидува и пад на корисниците од возрасните групи од 12 до 17 години и од 18 до 24 години за 5,6%, односно 5,8%. Иако податоците од Facebook покажуваат дека базата на корисниците се зголемува, ова е поради тоа што расте популарноста на мрежата помеѓу постарите луѓе.
Младите луѓе сакаат новитети и екслузивитет, а потрагата по овие нешта ќе ги оддалечи од Facebook, прогнозираат од eMarketer. Од друга страна, пак, велат од компанијата, тинејџерите се токму приоритетната група на Instagram и Snapchat.
Snapchat ќе добие најмногу од падот на популарноста на Facebook кај овие групи на луѓе и се очекува дека околу 43% од корисниците на социјалните мрежи ќе користат Snapchat годинава.