Четиринаесетто издание на Саемот за вработување и кариера од 12 до 16 март

- Advertisement -

Организаторот БЕСТ Скопје го најави четиринаесеттото издание на Саемот за вработување и кариера – Job Fair кој ќе се одржи од 12 до 16 март годинава. Саемот годинава ќе биде поделен на неколку дела и според тоа е подготвена соодветна програма.

Првиот ден ќе биде официјалното отворање на саемот, додека пак активностите ќе започнат наредниот ден. На 13 и 14 март е предвидено претставување на IT компании, додека пак на 15 и 16 март ќе се претстават техничките компании.

- Advertisement -

Job Fair е организиран од страна на БЕСТ Скопје со цел да оствари контакт помеѓу студентите и компаниите кои во иднина можат да бидат потенцијални работодавачи. На настанот ќе може да се присуствува и на најразлични обуки и презентации, да се разговара со претставниците на едни од водечките компании во Македонија како и да се добијат повеќе информации за студентски пракси, стипендии и за потребниот работен кадар.

Заинтересирани треба на време да остават свое CV кое ќе влезе во базата достапна за компаниите учеснички на саемот. Job Fair може да ве однесе чекор поблиску до вашата кариера, а можеби токму вашата следна работа или пракса е токму на саемот.

- Advertisement -

За повеќе информации погледнете ја официјална страница www.jobfair.org.mk каде можете да дознаете и како да го доставите вашето CV.

Сподели!
- Advertisement -