Град Скопје распишува конкурс за дизајн на урбана опрема

- Advertisement -

Градот Скопје наредниве денови ќе распише конкурс за идејно решение за дизајн на урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци и заштитни столпчиња за зеленило. На презентацијата на конкурсот што денеска се одржа во просториите на Архитектонскиот факултет присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов и деканот на Архитектонскиот факултет, Огнен Марина.

- Advertisement -

– Сакам да ја информирам целокупната јавност, вклучително и студентите од областа на архитектурата од сите релевантни факултети во Скопје, дека Градот Скопје во многу блиска иднина ќе распише конкурс за избор на идејно решение – дизајн на урбана опрема за потребите на Градот. Идејното решение кое му е потребно на Скопје опфаќа дизајн на клупа, корпа за отпадоци и заштитно столбче што ќе се постават на јавни простори пред училишта, студентски домови, факултети, плоштади, како и на булевари, магистрални и собирни улици кои се во надлежност на Градот. Во нашата заложба за одржлив урбан развој на Скопје, влегуваме силно, посветено и транспарентно, за да создадеме услови за унапредување на функционалноста и употребата на јавниот простор. На градот да му дадеме еден поинаков модерен лик кој ќе се издигне над архитектонските и естетски обременувања што нашето Скопје ги доживуваше во минатото. Имајќи предвид дека Градот Скопје го гледам како град за сите нас, сакам да потенцирам дека претстојниот конкурс ги отвора можностите и за искусните и за почетниците, за возрасните и за младите, за сите чинители коишто можат, умеат и сакаат да придонесат да живееме во инспиративно и креативно заедничко Скопје – рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната презентација на конкурсот.

Тој додаде дека оваа презентација не случајно се одржува во просториите на Архитектонскиот факултет.

Сподели!
- Advertisement -