Зимските олимписки игри, кои годинава се одржуваат во Јужна Кореја, ги обележаа ниските температури и силниот ветар, но овие игри се посебни по уште нешто – секојдневно се користи секаква нова технологија и постојано се претставува некоја нова.
Така, организаторите одлучија да им дадат шанса и на роботите на првиот скијачки спуст за роботи наречен Ski Robot Challenge. На натпреварот учествуваа осум тимови, најголем дел од универзитети, институти и компании од Кореја, а се натпреваруваа за награда од 10.000 долари.
Правилата пропишуваа дека мора да бидат повисоки од 50 сантиметри, да стојат на две нозе, да имаат зглобови, независно напојување и мора да се спуштаат на скии и со стапови. За да ја освојат наградата мораа што побрзо да ги заобиколат знаменцата и да се спуштат до целта. Победи компанијата Mini Robot Corp. со роботот Taekwon-V.