YouTube објави список со најдобрите телефони за гледање видеа

- Advertisement -

Samsung  во најавaта за својот најнов мобилен телефон Note 9 се пофали дека нивниот нов уред е најдобриот YouTube мобилен телефон за 2019 година. Меѓутоа, тоа признание не си го дадоа сами, туку Note 9 навистина е на чело на неодамна објавената листа на YouTube со најдобри телефони за гледање содржини на таа платформа.

Листата се состои од низа уреди кои ќе ви овозможат целосно уживање во содржините, што значи дека мобилните телефони од листата ги покриваат сите опции кои ги нуди YouTube – можност за гледање содржини снимани во 360 степени, можност за гледање 4K видеа, поддршка за кодекси од новите генерации, стабилна DRM технологија итн.

- Advertisement -

На листата засега се  наоѓаат само 18 уреди, меѓу кои се Pixel 2 XL, OnePlus 6, HTC U12 Plus и претходно споменатиот Note 9. За жал за љубителите на Apple, на листата нема ниеден iPhone, што би можело да се поврзе со фактот дека YouTube, Google и Android се дел од една компанијa, но главната причина е што уредите на Apple не го поддржуваат кодексот VP9, кој го разви Google и преку Safari не може да гледаат содржини во 4K квалитет.

Листата на YouTube веројатно нема да игра голем фактор кај купувачите, но секако е добар маркетинг за производителите да бидaт на оваа листа.

Сподели!
- Advertisement -