SpaceX во текот на викендот ќе лансира сателити за Интернет

- Advertisement -

Компанијата SpaceX планира да лансира сателити за Интернет овој викенд, а тоа е само дел од поголемиот план кој вклучува лансирање неколку илјади сателити во орбитата на Земјата во текот на наредните неколку години. Основачот на компанијата, Илон Маск, со години зборува за лансирање илјадници сателити кои ќе овозможат брз Интернет за сите луѓе во светот.

Деталите за тие сателити главно се чуваат во тајност, но сега е познато дека првите прототипови ќе бидат лансирани овој викенд. Станува збор за два тест сателити кои ќе бидат лансирани во орбитата, пренесува Klix.ba. Потшретседателот на одделот за сателити на компанијата SpaceX минатата година најави дека компанијата планира да ги лансира сателитите на крајот на 2017 година или на почеткот на оваа година.

За се да биде според планот, првиот оперативен сателит ќе биде лансиран во 2019 година. Од компанијата потврдија дека сателитите Microsat-2a и Microsat-2b ќе бидат лансирани со помош на ракетата Falcon 9, која ќе понесе и радарски опсервациски сателит во сопственост на владата на Шпанија. Лансирањето е закажано за 17 февруари од воздушната база Ванденберг.

- Advertisement -

SpaceX планира сите сателити за Интернет да ги лансира до 2024 година. Тој проект ќе чини 10 милијарди долари, а Маск очекува приходи кога ќе започне проектот. Парите од овој проект ќе ги искористи за својата повисока цел – колонизација на Марс.

Сподели!
- Advertisement -