Српската Влада објави дека парламентот донел закон за двегодишно даночно олеснување наменет за стартапите кој ќе почне да се спроведува во октомври 2018 година, пренесува SEENews.
Стартапите кои имаат најмногу девет вработени со средношколски или универзитетски дипломи ќе бидат исклучени од плаќање данок на приход и придонеси во првите две години од нивното регистрирање како бизнис.
Анализа направена од Националниот сојуз за локален економски развој покажала дека благодарение на овие даночни олеснувања, претприемачите ќе заштедат до 2 100 евра по вработен со минимална плата. Дополнително, парламентот изгласа и зголемување на прагот за одданочувуње на приход од 11 790 на 15 000 српски динари што започна да се имплементира од 1 јануари.
Се проценува дека околу осум илјади граѓани ќе имаат бенефит од даночните олеснувања, а истите имаат цел да го зголемат бројот на стартапи во државата бидејќи годишниот просечен број на стартапи во Србија се намали од 45 500 на 33 000 во последниве десет години.