Турската нискобуџетна авиокомпанија „Онур Ер“ за претстојната туристичка сезона ќе воспостави директна авионска линија од Истанбул за Охрид.Предвидено е авиони на „Онур Ер“ да летаат од Истанбул за Охрид еднаш седмично, почнувајќи од 15 април заклучно со 7 октомври. Првично билетите за летот ќе се продаваат преку турскиот тур-оператор „Татил Будур“, но ќе бидат понудени и на отворена продажба доколку постои интерес на пазарот. Воспоставувњето сезонска авионска линија е резултат на преговорите што авиокомоанијата ги имаше со македонската Влада, како обид за привлекување што поголем број гости на охридската ривиера. - Advertisement -
– Наша интенција е да работиме во насока на развој на авионскиот сообраќај и оттаму ќе ја поддржиме секоја авиокомпанија која сака да воспостави директна авионска линија за Македонија. Аеродромот во Охрид има голем потенцијал и нашите активности се насочени кон привлекување што поголем број патници кон Охрид., особено кога станува збор за нискобуџетни авионски компании, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид минатата 2017 година пристигнале рекордни 159.072 патници, што претставува зголемување за 9,7 отсто споредбено со годината претходно. - Advertisement -
Авиокомпанијата „Онур Ер“ оперира со 24 авиони што летаат на речиси 40 дестинации, како низ Турција така и на меѓународни летови. Во Европа „Онур Ер“ моментално има директни авионски линии за Русија, Франција, Германија, Австрија, Холандија и Украина. Турските гости претставуваат значаен сегмент во вкупниот број гости кои престојувале во Македонија. Минатата година Македонија ја посетиле 129.708 турски туристи што е зголемување за 22,7 проценти споредбено со 2016. - Advertisement -
Извор-МИА |
Претстојната сезона директна авионска линија на релација Истанбул – Охрид
- Advertisement -
- Advertisement -