Влошена климата за водење бизнис во Македонија

- Advertisement -

Нашата земја има пад од 5 места на ранг листата за водење на бизнис. Ова е наведено во извештајот на Европската комора. Во игра беа 46 европски земји, а Македонија се наоѓа близу кон дното, на 36 место.

„Македонија со најзабележителен пад на климата за водење бизнис од земјите во Европа – 5 места подолу на ранг листата во споредба со 2019та година, на 36то место од ранг листата на 46 земји!, пишува на Фејсбук, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

- Advertisement -

Најдобро котираат скандинавските земји. Први на листата се Данска, Шведска, Норвешка и Финска. Зад нив се Швајцарија, Британија и Германија.

Сподели!
- Advertisement -