Хрватскиот стартап Oradian кој развива банкарски сосфтвер доби нова инвестиција од 112.000 евра!

- Advertisement -

Oradian, хрватски стартап базиран во Загреб и Лондон кој нуди банкарски софтвер за микрофинансирање во државите во развој, доби дополнителни 112.000 евра од новиот инвеститор Middleton Enterprises, пишува порталот EU – Startups

Оваа финансиска инјекција е дел од поголема инвестициска рунда која ќе биде најавена наскоро и е наменета за финансирање на проширувањето на стартапот. Како претходни инвеститори во стартапот се јавуваат Credo Ventures, Playfair Capital, Day One Capital и Esther Dyson.

Основан во 2012 година, Oradian се фокусира на државите со недоволно развиена банкарска инфраструктура каде нуди платформа за финансиски менаџмент за лично банкарство.

- Advertisement -

Хрватскиот fintech стартап најпрво започна да работи во Нигерија каде веќе има околу 490 000 крајни корисници, а со поддршка од Филипинската централна банка, започна да работи и на Филипини. Денес се веќе присутни и во Гана, Либан и Малави.

Нивната долгорочна цел е да поврзат 100 милиони семејства на глобалниот финансиски систем. Нивниот софтвер им помага на микрофинансиските институции да го прошират својот бизнис и да ги намалат банкарските трошоци на крајните корисници.

Сподели!
- Advertisement -