Flow е вашиот мобилен мерач на квалитетот на воздухот

- Advertisement -

Изминатите две години тимот на компанијата Plume Labs имаше една мисија: да ви помогне да бидете во тек со загадувањето на воздухот и да го подобрите здравјето на околината. Сега тие го претставија нивниот револуционерен производ Flow – првиот паметен мобилен мерач на квалитетот на воздухот.

Flow ќе ви помогне да разберете колку сте изложени на загадувањето и да го следите самото загадување. било да сте дома, надвор или сте во движење. Елегантниот изглед, кожното каивче и кабелот за полнење го олеснуваат носењето и полнењето на гаџетот. Flow е направен да трае и да биде корисен придружник кој ќе сакате да го имате до себе секој ден за да можете да најдете чист воздух за дишење.

- Advertisement -

Со него можете да го следите нивото на внатрешните и надворешните загадувачи, вклучувајќи и стини честички, издувни гасови, штетни емисии од куќни апарати, како и озонот. Може да ја следи и температурата и влажноста на воздухот.

Сподели!
- Advertisement -