YouTube за три месеци заработил 5 милијарди долари приходи од огласи

- Advertisement -

YouTube во последните три месеци остварил приходи од речиси 5 милијарди долари од огласи, откри вчера Google. Информациите се објавени во склоп на кварталниот извештај на Alphabet, односно првиот квартален извештај откако Сундар Пичаи ја презеде должноста извршен директор на компанијата.

Google го купи YouTube во 2006 година за 1,65 милијарди долари. Минатата година онлајн-платформата остварила приходи од 15 милијарди долари и придонела со 10% во вкупните приходи на Google.

- Advertisement -

Од велат дека YouTube има повеќе од 20 милиони претплатници преку своите некомерцијални понуди, како и повеќе од 2 милиони претплатници на услугата со плаќање. Од Alphabet велат дека приходите од тие производи спаѓаат во категоријата „останато“, која во последниот квартал заработила 5,3 милијарди долари.

Вкупно, Alphabet остварила 46 милијарди долари приходи во последниот квартал од минатата година, што е 17% повеќе во однос на 2018 година.

Сподели!
- Advertisement -